Свиндал ја пропушта трката во Санта Катерина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Норвешкиот скијач, Аксел Лунд Свиндал ќе ја пропушти трката која оваа недела ќе биде одржана во Санта Катерина.

Тој е освојувач на Кристалниот глобус 2 пати досега и откри дека нема да се натпреварува на наредната трка поради болка во коленото.

Свиндал пропушти половина на минатата сезона поради повреда и операцијата на коленото, а дури во ноември се врати на патеката.

Трката во Санта Катерина е на програмата од вторник до четврток, кога по ред ќе бидам одржани трки во супер-велеслалом, спуст и комбинација.

Во понеделник во тој ски центар беше одржан тренинг во спуст.