Размена на годината: Дали ќе дојде до договор меѓу Реал и Челси, најголем губитник ќе биде Атлетико


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тибо Куртоа е еден од најдобрите голмани во Премиер лигата и чувар на мрежата на лидерот, екипата на Челси.

Одличниот Белгиец сепак има намера веќе на лето да се врати во Мадрид, само не во Атлетико веќе да го облече дресот на Реал.

Тоа го повери и на своите соиграчи од Стенфорд Бриџ, а Кралевите се спремни да тргнат во акција.

Се чини дека може да дојде до спектакуларна размена на релација  Лондон – главниот град на Шпанија.

Имено, Реал веќе долго време пробува да се реши од Хамес Родригез, а се чини дека Колумбиецот на лето може да премине во редовите на Сините во замена за единицата на Челси.

Антонио Конте може да прифати на замена бидејќи повеќе пати потврди дека сака да го види Колумбиецот во својата соблекувална,  а се откажа од наговорувањата белгискиот голман да остане во клубот.

Доколку навистина и дојде во ваков расплет, најнезадоволен би бил Атлетико Мадрид.

На Јорганџиите тогаш ќе им се зададе двоен исклучително болен удар – миленикот на Чоло ќе го засили омразениот ривал, а тоа воедно ќе значи и тоа дека лондонскиот тим ќе тргне по Јан Облак.

Веќе сега е јасно дека Атлетико има мали шанси да го задржат репрезентативецот на Словенија, кој брани во животна форма.

Тоа сигурно ќе го разбесни Диего Симеоне, а можеби и ќе го забрза веќе најавеното враќање во Интер.

Во секој случај, не чека исклучително многу жешко лето…