Шампионите немоќни без Леброн: Харден за победа на Хјустон


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во ноќта од понеделник кон вторник беа одиграни 11 натпревари во најсилната светска кошаркарска лига на светот.

Милвоки беше поразен кај Вашингтон со 102:107. Портер беше најдобар со 32 поени и 13 скокови кај Вашингтон додека Антетокоунпо постигна 22 поени и 13 украдени топки за Милвоки.

Денвер неочекувано победи против Клиперс со 106:102. Гостите го искористија отсуството на Крис Пол и Грифин, па стигнаа до победата.

Кливленд беше поразен од Детроит со 90:106, а најдобар кај домаќините беше Харис со 21 поен.

Чикаго беше подобар од Индијана со 95:80, а најдобри беа Вејд и Миротиќ со 21 поен, односно 20.

Џејмс Харден со 32 поени и 12 скокови го однесе Хјустон до победа против Феникс, а исто така Торонто беше подобар од Портланд со 95:91.

Сите резултати:

Орландо – Мемфис 112:102
Вашингтон – Милвоки 107:102
Бруклин – Шарлот 120:118
Детроит – Кливленд 106:90
Чикаго – Индијана 90:85
Хјустон – Феникс 131:115
Минесота – Атланта 104:90
Њу Орлеанс – Далас 111:104
Портланд – Торонто 91:95
Клиперс – Денвер 102:106
Сакраменто – Филаделфија 102:100