Бернадески кариерата ја продолжува во Франција?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младиот фудбалер на Фиорентина, Федерико Бернандески, се наоѓа во центарот на вниманието на италијанските медиуми поради наводното заминување од Фиорентина.

Италијанските медиуми пренесоа денеска дека Бернадески најверојатно во јануари ќе ја напушти Фиорентина, и дека својата кариера ќе ја продолжи во Франција.

Овој 22-годишен фудбаллер има понуда од ПСЖ и порача на челниците на клубот дека сака да игра за овој клуб.

Бернадески е голема надеж за италијанскиот фудбал, а интерес за него покажаа Јувентус, Интер и Челси.

Сепак, се чини декја паричната понуда на ПСЖ е единствена која ќе ги задоволи Фиорентина и фудбалерот.

Иако се шпекулира дека оваа зделка е завршена ќе мораше да сочекаме официјална потврда од двете екипи.

Фудбал Италија наведува дека Фиорентина ќе проба да го „наговори“ ПСЖ за овој фудбалер да остане во овој клуб до крајот на сезоната на позајмица.