Конте најде замена за Оскар од Бундес лигата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Уште еден одличен фудбалер се наоѓа во агендата на Антонио Конте пред зимскиот преоден рок.

Како што пренесува Дејли Мејл, фудбалскиот клуб Челси сега се сврте кон фудбалер на Баер Леверкузен.

Според овој извор, одличниот креативец на „аспиринџијата“ Хакан Чалханоглу е голема желба на Антонио Конте.

„Сините“ се спремни да издвојат околу 20 милиони евра за негов трансфер во оваа зима, а Дејли Мејл тврди дека договор е многу блиску.

Овој одличен 22-годишен турски фудбалер може да игра и како крилен напаѓач и како вистинска „десетка“, односно позади најистурениот.

Има одличен шут, преглед на игра, а истотака е специјалист за слободен удар.

Чалханоглу за Баер одигра 109 мечеви и постигна 26 голови во сите натпреварувања.