Рома донесува засилување од Челси: Новиот играч е голема надеж на европскиот фудбал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рома направи полн погодок кога од Челси го донесе Мохамед Салах, а сега се подготвува да се донесе замена за Салах.

Не поради тоа што Салах ќе замине од тимот, туку поради фактот дека во јануари ќе биде отсутен поради обврските на Африканскиот куп на нации.

Мета на Рома во јануари ќе биде Чарли Мусонда.

Овој играч како суперталентиран тинејџер е донесен во Челси од Андерлехт пред 4 години. Беше член на младите екипи, а пред една година замина во Бетис на позајмица.

Во Андалузија за 6 месеци остави добар впечаток, па позајмицата му беше продолжена. Но смената на тренерот и падот во формата, го чинеа Мусонда место во тимот, па од почетокот на сезоната започна само еден натпревар.

Поради тоа тој го раскина договорот за позајмица и се врати во Челси. Меѓутоа, Конте не го гледа во своите планови и даде зелено светло за нова позајмица.

Се појави Рома која сака да го ангажира до крајот на сезона и Челси најверојатно че се согласи на таа опција.