Навивачите се незадоволни: Милан ќе штеди и покрај 200 милиони евра на сметката


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Зимскиот преоден рок во лигите започнува на 1 јануари. Големите европски клубови во тој период сакаат да ги засилат своите тимови или да ги задржат играчите кои ги имаат. Меѓутоа, помеѓу нив не спаѓа и Милан.

Берлускони би можел во историјата да замине како најголем штедливец кој е сопственик на фудбалски клуб. Тоа е заклучок откако на сметката на Милан има 200 милиони евра од продажбата на Милан.

Од Милан стигна вест дека во зимскиот преоден рок Милан нема да купува играчи. Ова нешто му се има повторено на Милан и скапо го чинеше досега.

Кога заминуваа Малдини, Пирло, Сидорф, Кака, Неста, Гатузо, Инзаги, Милан не вложи доволно за да донесе квалитетни играчи и потоа следеше голем пад.

Се зборува во тимот на Милан за заминување на Адријано, играч кој не играше многу оваа, а ниту минатата сезона. Таа продажба би му донела дополнителни 25 милиони на Берлускони.

Како прво засилување се споменува Милан Бадељ, кој моментално игра за Фиорентина.

Навивачите на Милан најверојатно ќе ги израдува фактот дека Берлускони најверојатно ќе замине. Во првите 2, 3 месеци од 2017 година се очекува Милан да го превземат Кинезите.