„Единствена неисполнета желба ми е освојување на Скудетото“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Голманот на Наполи, Пепе Реина изјави за медиумите дека сака да го освои Скудетото.

Шпанскиот голман во својата кариера има играно за Барселона, Ливерпул, Баерн и Наполи.

Реина призна дека уште една желба му останала неисполнета, а тоа е освојување на титулата со Наполи.

„Тоа би било најголемо достигнување во кариерата. Веќе долго сум на фудбалската сцена, но не сакам да се пензионирам додека со Наполи не го освојам Скудетото. Се надевам дека тоа ќе се случи. Наполи е клуб во кој најмногу уживав.“

Наполи оваа сезона не игра како што се очекува од нив, па ќе им биде потребно чудо до крајот за да дојдат до титулата.