Гвардиола го превзема големото потенцијално засилување на Барселона?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Управата на Барселона потврди дека во јануарскиот трансфер период ќе се обиде да донесе неколку звучни засилувања.

Каталонскиот Спорт денеска пренесе дека Барселона е заинтересирана за младиот играч од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џулијан Вигл. Управата на каталонската екипа контактирала со Дортмунд, и биле конкретни дека ќе направат се само Вигл да игра во Барса.

Сепак, изгледа дека плановите на Барселона би можело да бидат прекинати поради тоа што за младиот играч се вклучи и Манчестер Сити. Пеп Гвардиола во неколку наврати изјави дека Вигл е одличен играч, и дека многу потсетува на Сергио Бускетс.

Гвардиоал сака дополнително да ја зајакне дефанзивата на средниот ред, а Вигл очигледно ќе биде најдобро засилување. Меѓутоа, ќе биде интересно како ќе заврши оваа борба помеѓу Барселона и Гвардиола.