Голден Стејт продолжува со победи: Сан Антонио подобар од Феникс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Детроит на свој терен изгуби од Милвоки со 119:94. Најдобар во тимот на Милвоки беше Џабар Паркер со 31 поен, 9 скокови и 7 асистенции додека го следеше Џенис со 23 поени, 5 скокови и 8 асистенции.

На Детроит не му помогна ниту дабл-дабл на Тобијас Харис кој постигна 23 поени и 12 скокови.

Атланта по продолженија беа подобри од Њујорк со 102:98 додека во регуларниот дел беше 85:85. Денис Шрудер донесе продолжение со два поени на 1:39 пред крајот на последната ¼-на, а истиот играч беше најдобар во натпреварот со 27 поени.

Дерик Роуз постигна 26 поени, Порцингис 24, а Ное постигна 14 поени и 16 скокови.

Останати резултати:

Орландо – Шарлот 101:120
Вашингтон – Индијана 111:105
Чикаго – Бруклин 101:99
Њу Орлеанс – Лос Анџелес Клиперс 102:98
Сан Антонио – Феникс 119:98
Денвер – Минесота 105:103
Портланд – Сакраменто 102:89
Голден Стејт – Торонто 121:111