Пекинг Гуан заинтересиран за Подолски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Галатасарај соопшти дека за играчот Лукас Подолски е заинтересиран кинескиот Пекинг Гуан.

Пекинг Гуан, како што е наведено, за трансферот на германскиот фудбалер e подготвен да одвои седум милиони евра.

Добивме понуда од кинескиот клуб, сега сето тоа зависи од играчот“, изјави спортскиот директор на Галатасарај, Левент Назифоглу.

Подолски во Галатасарај пристигна во 2015. година, а во кариерата играше за Колн, Баерн Минхен, Арсенал и Интер.