Вака ќе изгледаше животот на Шумахер ако пред 3 години не заминеше на скијање


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Три години поминаа од несреќата на еден од најдобрите возачи во историјата на Ф1. Од 29 декември 2013 година Михаел Шумахер не е повеќе тој стариот, а во каква состојба се наоѓа, знаат само неговите пријатели и семејство.

Синот Мик ги следи чекорите на татко му, а ќерката Џина Марија страста на својата мајка. Мик почна да вози јуниорска формула и идната година ќе премине во Ф3, а засега не е добар како татко му, но има голем потенцијал.

Три години по несреќата на легендарниот возач на Ф1 семејството и пријателите не сакаат да зборуваат за тоа, а голем дел од времето поминуваат во молитва и ретко даваат коментари за јавноста. Последно нешто што се знае за него го откри адвокатот на семејството, Феликс Дем.

„Михаел не може да оди, не може ни да стане без помош на специјалисти кои се постојано со него.“

Навивачите не го напуштија, туку најдоа начин нивната поддршка да стигне до него. Направија службен канал на Твитер, на кој сите што го сакаат може да остават порака, а го направија  тоа за да не се чувствува напуштен.

Би бил шеф на Ферари и би навивал за својот син

Што ќе се случеше тоа утро доколку останеше дома? Најверојатно би „седел“ покрај синот Мик во болидот, би го мотивирал и би му давал совети. Сигурно би бил шеф на тимот на Ферари, слична улога која Ники Лауда ја има во Мерцедес и тоа би функицонирале одлично.

Кариерата ја заврши во Мерцедес, но да го повикаше екипата која го претвори во легенда, тој не ги одбил. Најверојатно и малиот Мик би возел на академијата на Ферари, но само ако тоа утро пред три години тој не замина на скијање…