Дибала има барање од управата на Јувентус


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер, Паоло Диабала побара огромно зголемување на платата во Јувентус.

Одличниот играч на Старата дама во моментов заработува три милиони евра по сезона, но како што Јуве му нуди во новиот договор, тој има намера верноста добро да ја наплати.

Тој побара зголемување на платата и тоа на 5,5 милиони евра по сезона, што е навистина огромно зголемување во однос на сегашната плата.

Најплатениот фудбалер на Старата дама е Гонзало Игуаин, кој на годишно ниво заработува 7,5 милиони евра, додека Пјаниќ е на второто место со плата од 5,5 милиони евра.