Санчез сепак го напушта Арсенал: Ова би можело да биде најголемиот трансфер во 2017. година


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Арсенал е конкурентен тим оваа сезона за титулата, но навивачите најмногу се загрижени за иднината на Санчез.

Одличниот Чилеанец е „моторот“ на тимот и е нивниот најдобар играч, но се уште нема ништо од тоа дека ќе го продолжи договорот. Долго време е голема желба на големи клубови, а најзаинтересиран е ПСЖ, кој сега доби нова конкуренција.

Јасно е дека Интер ќе добие огромни финансиски средства од кинескиот Шангај за да ги врати славните стари денови, а изгледа дека првата желба ќе биде токму Алексис Санчез.

Чилеанецот има договор со Топчиите уште две години и доколку не го продолжи Арсенал уште следното лето ќе биде принуден да го продаде. Тоа клубот од Милано го очекува и сигурно дека ќе тргне во акција.