„Сеуште се чувствува влијанието на Шумахер“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот Рос Брон изјави дека во Мерцедес и Ф1 и понатаму се чувствува влијанието на Михаел Шумахер.

„Михаел сигурно имаше голем допринос во организацијата и структурата на Мерцедес, а да не беше тој, немаше ниту да биде овој успех на Мерцедес.“

Тој го пофали и семејството кое се однесува нормално во овие тешки моменти.

„Во суштина, неговото семејство страдаше колку и тој поради оваа несреќа. Мило ми е поради Мик и неговите успеси и тоа е знак колку сите имаат силен карактер.“