„Не е се во статистиката!“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Најдобриот играч на Кливленд, Леброн Џејмс не беше задоволен со својата игра против Бостон.

Неговата екипа победи на домашен терен со 124:118, а тој постигна 23 поени, 11 асистенции, 8 скокови и 3 блокади.

Сепак, Леброн по завршување на натпреварот изјави дека е незадоволен.

„Вечерва бев очаен. Во секој поглед на играта бев лош. Тоа е неприфатливо. Не смеам да играм така ако сакаме да го донесеме тимот таму каде што треба.“

„Не е се во статистиката. За мене се е во пристапот на натпреварот. Среќен сум што покрај мене беа два Ол-Стар играчите.“