„Би можел да го победам Хамилтон ако имаме исти болиди“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо смета дека би го победил Луис Хамилтон доколку имаат исти болиди.

Хамилтон беше шампион три пати од што 2 пати во последните 3 години, но Рикардо смета дека би го победил доколку имаат исти болиди.

„Дали би го победил Хамилтон кога би имале исти болиди? Секако дека да. Многу пати ме прашаа кого би сакал да имам за тимски колега, а јас секогаш го бирав него. Би била тоа голема борба.“

Да потсетиме дека Хамилтон од наредната сезона ќе го има Валтери Ботас за колега.