Дурант стигна до прв: Харден до 7-ми трипл-дабл во сезоната


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Покрај Исаија Томас кој постигна 52 поени, во центар на внимание беа и Кевин Дурант и Џејмс Харден.

Најдобриот играч на Голден Стејт минатата вечер стигна до првиот, а популарниот Харден стигна до 7-ми трипл-дабл во сезоната.

Дурант во победата на Голден Стејт против Далас постигна 19 поени, 11 скокови и 10 асистенции.

Од друга страна, Хјустон го декласираше Клиперс со 140:116, а Харден постигна 30 поени, 13 скокови, 10 асистенции и 5 украдени топки.