На денешен ден: Коби Брајант играше последен пат во својот омилен град-Бостон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред 20 години откако прв пат заигра против Бостон, Коби Брајант последен пат во дресот на Лејкерс заигра против Бостон.

Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА лигата минатата сезона се прости. Токму Бостон беше негов омилен град по ЛА.

Пред натпреварот сите се запрашаа како „ТД Гарден“ ќе ја пречека ѕвездата на Лејкерс. Публиката го пречека Брајант како што заслужува една легенда.

„Сакав да играм во Бостон. Тоа за мене секогаш беше посебна сала и град. Мислам дека историјата го одвои овој град од останатите. Одлично е чувството кога цел Бостон Гарден е против тебе. Во ниту една сала не сум имал таков непријателски дочек.“

Брајант од Бостон се простои со 15 поени и 11 скокови во победата на Лејкерс од 112:104.

„Жал ми е што не постигнав повеќе поени. Меѓутоа, во години сум кога се е тешко.“

Пред натпреварот членови на управата на Бостон, Дени Аинге, Рич Готам и Стив му дадоа награда на Брајант.

„Имав неколку одлично моменти во Бостон. Верувам дека ме запаметија.“

Интересно, Брајант за малку ќе ја започнеше кариерата во Бостон. Но тие немале храброст да земат играч кој само што завршил средно образование. Брајант во Бостон беше во кампот, па имаше разговори со управата на клубот.

„Тој играч е чудо од дете. Можеби неговата кариера ќе отиде во спротивен правец, сепак доаѓа од средно училиште. Но, уверен сум дека може да биде одличен играч.“

На местото на Брајант во тимот на Бостон дојде Вокер.

Бидејќи Брајант во време на драфтот имаше 17 години, договорот со Лејкерс мораше да го потпишат и неговите родители.

Вокер во текот на 13-годишната кариера имаше просек од 17,5 поени, 7.7 скокови и 3.5 асистенции, а ја освои титулата во НБА во дресот на Мајами во 2006 година. Брајант 5 пати беше шампион во НБА лигата, а исто така е најмлад игрча кој стигна до 30.000 поени.

17 пати беше Ол-Стар, има просек од 25.4 поени по натпревари, а освои и 2 златни олимписки медали.