Дебакл на Клиперс против Хјустон: Харден до 7-ми трипл-дабл


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во ноќта од петок кон сабота беа одиграни 10 натпревари.

Џејмс Харден стигна до 7-от трипл-дабл во сезоната во победата на Хјустон од 140:116 против Клиперс.

Имаше 30 поени, 13 скокови, 10 асистенции и 5 украдени топки. Уште 5 играчи на Хјустон имаа 2-цифрен број на поени, од кои најдобри беа Хардел постигна 29, Гордон 19 и Тревор  18.

Натпревар на денот одиграа Денвер и Филаделфија. На крајот Филаделфија победи со 124:122.

Кај победникот Јокиќ постигна 25 поени, 7 скокови и 4 асистенции.

Исаија Томас влезе во историјата на Бостон и стана 5-ти играч кој на еден натпревар постигнал 50 поени. Од вкупно 52 поени во натпреварот на кариерата, тој 29 постигна во последната ¼-на во победата на неговиот тим против Мајами со 117:114.

Останати резултати:

Вашингтон – Бруклин 118:95
Атланта – Детроит 105:98
Минесота – Милвоки 116:99
Њу Орлеанс – Њујорк 104:92
Сан Антонио – Портланд 110:94
Голден Стејт – Далас 108:99