Конте стави крај на сите шпекулации во врска со трансферот на Куртоа во Реал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во победничката серија од 12 натпревари, Челси прими само два гола. Освен одбранбениот ред, за тоа е заслужен и Тибо Куртоа, што не е чудно што Реал Мадрид многу сака да го види во нивните редови.

Но, Антонио Конте ја отфрли таквата можност.

„Тој останува со нас и тоа е најважно. Се друго е само шпекулација“, пишува АС кој ги пренесува зборовите на стратегот.

„Ако не е најдобар, Тибо за мене е еден од најдобрите голмани во светов. Оваа сезона брани многу добро и можете да видите дека не е само добар со рацете, туку и со нозете. Да, мислам дека е комплетен голман и вистински пример за тоа како еден голман треба да изгледа“, додаде Италијанецот.