Фјури во борба за ВБО наслов?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хју Фјури, роднината на Тајсон Фјури, е кандидат за предизвикувач за ВБО титулата која ја има Џозеф Паркер.

Хју, како и Тајсон, е сеуште без пораз во професионалната кариера и јасно е дека на 8-ми април ќе има борба против Паркер.

„Преговорите се во тек. Јас сум прв предизвикувач, имам предност пред сите и ќе се борам за титула. Би било убаво кога би се борел пред домашна публика, но не ми претставува проблем и друго место.“

Фјури последната борба ја имаше во април 2016 година. Вупно 20 натпревари имаше во кариерата и во сите победи.

Негов потенцијален ривал Џозеф Паркер стана шампион на 10-ти декември со победата против Енди Руиз со одлука на судиите, а во кариерата има резултат од 22:0.