Тренерот на Лоренцо премина кај Еспаргаро


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Хорхе Лоренцо со кој соработуваше последните 3 години, Марк Ровир повеќе нема да работи со него.

Шпанскиот тренер ќе остане во кралската класа, бидејќи потпиша договор со Пол Еспаргаро.

Ровир ќе се концентрира на физичката подготвеност на 25-годишниот Шпанец, но јасно е дека нема да патува на голем број трки.

Поради новиот ангажман, Ровир ќе се пресели во Андора, каде што живее Еспаргаро и ќе работи на програма која би требало да му помогне на Еспаргаро.

Од друга страна, Лоренцо сеуште нема најдено нов тренер, кој би можел да биде од голема важност за него.

Шпанецот во претходните 10 сезони возеше само за Јамаха.

Оваа година Мото ГП започнува со ГН на Катар на 26-ти март.