Најдобриот играч на Белгија пристигнува на „Гудисон“?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Евертон има големи планови за зимскиот трансфер период.

Како што пишуваат англиските медиуми, Карамелите ќе испратат понуда за крилниот напаѓач на Наполи, Дрис Мертенс.

Тимот од „Гудисон“ за услугите на овој одличен фудбалер ќе мора да им понуди на Наполи 12 милиони фунти, а се надеваат дека до крајот на јануари ќе успеат да го ангажираат најдобриот фудбалер на Белгија за 2016. година.

Мертенес во дресот на Наполи игра одлично и оваа сезона. Тој исто така е и еден од најдобрите играчи во Серија А, а постигна вкупно 15 гола и направи седум асистенции во 22 одиграни натпревари за тимот од „Сан Паоло“.

Покрај Евертон, интерес за 29-годишниот фудбалер покажуваат и Баерн, Ајакс и Ливерпул.