Јувентус одби 28 милиони евра за својот напаѓач


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец нема да му се придружи на многуте ѕвезди кои се одлучија кариерата да ја продолжат во Кина.

Аксел Витсел не потпиша за Јувентус и му се приклучи на новиот кинески прволигаш Тианџин, но по неговите стапки нема да оди Марио Манџукиќ.

Тутоспорт соопшти дека Тианџин му понудил на Јувентус 28 милиони евра за Манџукиќ, но старата дама таа понуда ја одби.

Хрватскиот репрезентативец изјави дека не е заинтересиран за трансфер во Кина без разлика што од кинезите доби понуда за годишна плата од 7.5 милиони евра.