МЗТ немоќен против Цедевита: Победи на Црвена Звезда и Игокеа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес беа одиграни 3 натпревари во АБА лигата.

Цедевита победи против МЗТ во Скопје со 79:100. Се беше готово во 2-та ¼-на кога тимот на Цедевита имаше двојно повеќе поени од МЗТ. Најдобар играч во Цедевита беше Рашад Џејмс со 21 поен.

Во натпреварот помеѓу Црвена Звезда и Задар подобар беше српскиот тим, кој е во фантастична форма.

Тимот на Црвена Звезда успеа да го победи Задар со неверојатни 113:65. Најдобар во тимот на Црвена Звезда беше Волтерс со 17 поени, а кај Задар најдобар беше Маринковиќ со 20 поени.

Во последниот натпревар видовме голема борба помеѓу Унион Олимпија и Игокеа, а поуспешен на крајот испадна тимот на Игокеа, кој успеа да победи со 1 поен разлика, односно резултатот беше 81:80 за Игокеа.