Неверојатна ноќ во НБА: Батлер постигна 52, Харден и Грин стигнаа до трипл-дабл


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претходната ноќ во НБА лигата помина во знакот на кошаркарот на Чикаго, Џими Батлер.

Тој против Шарлот постигна 52 поени, а натпреварот заврши со победа на Чикаго со 118:111. Батлер додаде и 12 скокови и 6 асистенции.

Од другата страна Кемба Вокер беше најдобар со 34 поени и 11 скокови.

Повторно одлична ноќ имаше и Џејмс Харден. Тој стигна до трипл-дабл, односно 23 поени, 10 асистенции и 10 скокови во победата  на Хјустон против Вашингтон од 101:91.

Актуелниот шампион Кливленд на свој терен го победи Њу Орлеанс со 90:82 со 26 поени на Леброн Џејмс, а кај гостите Ентони Дејвид беше најдобар со 20 поени и 17 скокови.

Серијата од шест порази по ред ја прекинаа Клиперс кои успеаа да го победат Феникс со 109:98.

Резултати:
Кливленд – Њу Орлеанс 90:82
Бруклин – Јута 89:101
Њујорк – Орландо 103:115
Чикаго – Шарлот 118:111
Хјустон – Вашингтон 101:91
Клиперс – Феникс 109:98