Ако замине Луис Енрике, Барса го контактираше новиот тренер?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бомба стигна утрово кога во прашање се тренерските трансфери, Барса најде замена доколку Луис Енрике не го продолжи договорот.

Роналд Куман е изборот на Барса доколку Енрике замине.

Наводно, Куман е веќе контактиран од страна на челниците на Барселона.

Куман добро ја познава филозофијата на Барселона, беше во тимот на Кројф и во 1992 со гол во 112 минута против Сампдорија и донесе европска круна на Барселона.

Но се поставува прашање колку навистина е спремен да води таков тим со оглед на тоа дека во последните 10 години тој води тимови како Саутемптон, Евертон, Фенорд, Алкмар, Валенсија?

Дали мислите дека идеалната замена за Енрике може да биде Куман?