Машинеријата на Зидан со тројка ја почасти Севиља во новата година – Реал Мадрид со една нога во 1/4 финале (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид славеа на Сантијаго Бернабе со 3:0 против Севиља во натпревар од осминафиналето од купот на кралот.

После единаесет минути игра на Сантијаго Бернабе го видовме првиот погодок на натпреварот. Хамес Родригез ја затресе мрежата на Рико за водство на Реал Мадрид. Тони Крос нафрли од корнер, а Рафаел Варан со глава го зголеми водството на кралскиот клуб. Пред крајот на првото полувреме беше досуден пенал за Реал Мадрид, а Хамес Родригез од белата точка го постигна вториот погодок на натпреварот, 3:0.

Во вторите четириесет и пет минути на Сантијаго Бернабе не видовме погодок и Реал Мадрид на крајот стигна до убедлива победа од 3:0 во првиот натпревар од осмифиналето во купот на кралот.

Реванш натпреварот овие два клуба на Рамон Санчез Пискуан ќе го одиграат на 12-ти јануари.

 

 


James Rodriguez Goal HD – Real Madrid 1-0… by sporttivi


Raphael Varane Goal HD – Real Madrid 2-0… by Bundes-Liga


James Rodriguez 3-0 Great Penalty Goal HD… by HdGoal