Кинеските пари го прават своето: Одличниот Аргентинец заминува во Кина


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Два клуба од најнаселената земја на светот го пикираа поранешниот фудбалер на Севиља и не жалаат пари.

Со лесни чекори фудбалските клубови од Кина, потпомогнати со неверојатна количина на пари, доведува се што е добро од европскиот фудбал.

Некогаш ги договара само фудбалските ветерани, на кои им остана уште неколку години квалитетно играње во нозете, а сега успееја да го придобијат и играчот кој во било кој европски клуб може да прави разлика.

По чекорите на Хулк, Рамиреш, Алекс Тешеира, Џексон Мартинез, Лавеци, Оскар и Тевез  сега може да тргне и фудбалерот на Интер Евер Банега.

Поранешниот фудбалер на Валенсија и Севиља, премина во ова лето во редовите на Нероаѕуте и тоа без оштета, бидејќи му истече договорот со тимот од Андалузија.

Сепак, бидејќи позади Интер е многу турбулентен прв дел од сезоната, ни Банега не покажа нешто, и во неколку наврати се споменуваше дека управата на Интер може да го искористи како покривање на минусот по ФФП.

Сега кинеските клубови Шангај СИПГ, кој неодамна го ангажираше Оскар и Тијанџин, кој нудеше огромни пари на Диего Коста спремни се да излезат во пресрет и добро да им ја наполнат касата, посебно кога се има во предвид фактот дека Нероаѕурите за него не платија ни цент.

Наводно споменатите клубови од најнаселената земја на светот се спремни за Аргентинецот да издвојат 25.5 милиони фунти, што многу ќе „легнат“ на тимот од Џузепе Меаца.

Сепак, агентот на Банега тврди дека неговиот клиент има понуди и од Премиер лигата, но и од шпанска Примера, и останува да видием дали Аргентинецот ќе замине воден со желба за надигрување или големи пари.