„Сусо е подобар од Давид Силва!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Агентот и таткото на фудбалерот на Милан, Ферандез смета дека неговиот син Сусо е подобар од ѕвездата на Сити, Давид Силва.

Сусо оваа сезона игра одлично во Милан. Тој постигна 5 голови и 6 асистенции.

Неговиот татко кој воедно е и агент верува дека Сусо е подобар од Силва и дека може да го замени во репрезентацијата на Шпанија.

„Монтела е многу важна алка за неговата кариера. Тој го одржува шпанскиот стил на игра и верувам дека Сусо долги години може да игра во Милан.“

„Може да го замени Силва во репрезентацијата. Може да се прилагоди на другите играчи и верувам дека е подобар од Силва.“

Тој како 17-годишен играч во 2010 година стигна во Ливерпул, но таму не доби многу шанса. Одигра 14 натпревари, а потоа беше позајмен на Алмерија.

Милан го купи во 2015 годин, а минатата година помина дел од сезоната во Џенова.