Жесток натпревар во Скопје: Македонија одигра нерешено со Португалија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Маледонија одигра 21:21 против Португалија во 2-то коло во квалификациите за СП во Алжир и сега ќе ни биде потребна победа против Турција.

Добро го отворивме првото полувреме, но како поминуваше времето, ние игравме се полошо, па при резултат од 6:4 за Македонија, тие успеаа да се вратат и да поведат со 6:9.

Португалците продолжија во исто темпо и на полувреме заминаа со водство од 14:9.

Второто полувреме беше многу подобро за Македонија, дури и имавме водство пред крајот на натпреварот, но противниците не ни дозволија да победиме, па израмнија на 21:21.

Најдобар ракометар беше Филип Талески, а Томовски имаше 11 одбрани. Кај гостите Соареш постигна 5 голови, а Капдевиље имаше 11 одбрани.

Утре Македонија игра против Турција од 14:30.