„Меси сигурно ќе остане во Барселона!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Раководството на Барселона нема сомнеж дека најдобриот фудбалер ќе остане во клубот.

Спортскиот директор Роберт Фернандез ги смири навивачите и испрати порака до клубовите.

„Очигледно, зборуваме за многу важен фудбалер за нас. И сигурни сме дека Меси ќе го продолжи договорот со Барселона. Во клубот се е мирно, бидејќи двете страни сакаат да ја продолжат соработката.“

Меси има договор со клубот до 2018 година.

Меси со постигнати 12 голови, заедно со Суарез, е најдобар стрелец во Шпанија.