Официјално: Прво заминување од Ливерпул овој преоден рок!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалскиот клуб на Ливерпул потврди дека младиот играч Педро Чиривела кариерата ќе ја продолжи во холандиската екипа Го Хед Иглс.

Ливерпул потврди дека Педро ќе игра во холандиската лига до крајот на оваа сезона како позајмен играч.

Овој млад играч е првотимец во резервите на Ливерпул, но сега сигурно повеќе ќе напредува играјќи во холандиската прва лига.

Чиривела е роден 1997, и е дете на Валенсија и периодот од 2004 до 2013 го помина во Валенсија па стигна на Енфилд.

За првиот тим на Ливерпул одигра еден официјален натпревар и тоа во Лигата на Европа против Бордо во септември 2015 година.