„Роси има само една цел, а тоа е да ги победи сите!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шефот на екипата, Силвано Галбузер изјави дека Роси не бил опуштен како во текот на минатата сезона, но дека е мотивиран пред новата сезона.

Италијанецот веќе 3-та година по ред е вице-шампион додека титулата ја освои Маркез.

Италијанецот го продолжи договорот со Јамаха пред првата трка минатата сезона, а од Вињалес ќе го замени Лоренцо.

„Роси е неверојатно мотивиран, подготвен за новата сезона. Минатата сезона беше зафатен, тестовите го убедија дека може многу, но не беше опуштен како порано.“

„Тој има една цел – да ги победи сите. Ќе биде тешка сезона, на тестирањата ќе започнеме да разбираме колку сме конкурентни. “

„Не знам на кое ниво ќе биде Дукати со Лоренцо. Ќе има трки на кои ќе биде многу добар и ќе се бори за победа. Но, се сомневам дека може да се бори за титулата.“