Македонците нема нешто што не можат – Историска победа против Турција, Македонија на СП


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Младинската репрезентација на Македонија во последното коло од квалификацискиот турнир за СП кое ќе се одржи во Алжир славеа убедливо со 39:19 против Турција.

Дури после четири минути игра репрезентативците на Македонија го постигнаа првиот погодок на натпреварот. Ракометарите на Македонија играа фантастично во првиот дел, направија неколку големи серии и првото полувреме го добија со 22:13. Разликата можеше да биде двоцифрена да не промашеа пенал македонските репрезентативци во последната минута од првото полувреме.

На почетокот на второто полувреме ракометарите на Македонија постигнаа два погодоци во серија со 24:13. Следуваше огромна серија од 8 погодоци на македонските репрезентативци и пополека се приближуваа до потребните 19 погодоци предност за пласман на СП. Петнаесетина минути пред крајот на натпреварот Македонија имаше водство од 33:15. Во 48-та минута од натпреварот Македонија ги имаше потребните 19 погодоци преденост, 34:15. Со три погодоци во серија на три минути до крајот на натпреварот репрезентативците на Македонија ја имаа најголемата предност на натпреварот, 20 погодоци, 39:18. Младите репрезентативци на Македонија на крајот славеа со 39:19 и отидоа на СП.

Мице Шилегов со 10 погодоци ја предводеше репрезентацијата на Македонија. Филип Талески постигна 9 и го заврши како втор стрелец овој натпревар. Голманот Никола Даниловски имаше голем придонес во победата со 14 интервенции. Езалп и Озтурк со пет погодоци беа најефикасни во Турција.