Гвардиола не смета на нив: Седум играчи го напуштаат Манчестер Сити


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Сити во наредната сезона ќе влезе со сменет состав.

Медиумите пренесуваат дека тие им се заблагодариле на 7 играчи на кои договорите нема да им ги продолжат на крајот на сезоната, кога им завршуваат.

Тие фудбалери се: Вили Кабаљеро, Пабло Забалета, Бакари Сања, Гаел Клиши, Александар Коларов, Јаја Туре и Хесус Навас.

Наводно за овие фудбалери нема повеќе место во тимот и тие ќе заминат како слободни играчи.