Гвардиола одржа лекција на Славен Билиќ – Петарда на Сити на Олимпискиот стадион во Лондон!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Натпреварот на „Олимпискиот стадион“ немше неизвесност како што се очекуваше.

Вест Хем од самиот почеток играше лошо, а Сити ја контролираа играта и на крајот победијс о 5:0.

Првиот гол го постигна Јаја Туре од пенал во 33-та минута. Потоа Фегули имаше шанса за Вест Хем, но не успеа да погоди, па стигна казната од Стерлинг.

Две минути подоцна, се беше јасно, Силва постигнува гол за 3:0, по асистенција на Стерлинг.

Со 0:3 се замина на одмор, а по 5 минути игра во вториот дел Агуеро погоди за 4:0.

Целосно уништени и деконцентрирани играчите на домашниот тим го примија и 5-от гол. Во 83-та минута Џон Стоунс го постигна својот прв гол за Сити.

Тоа беше и конечниот резултат на натпреварот, целосна доминација на Манчестер Сити.