Мемфис го победи Голден Стејт – Кливленд сигурен против Бруклин


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Голден Стејт доживеа пораз на домашен терен.

Подобар од нив беше Мемфис кој победи по продолженија со 128:119, а во регуларниот дел натпреварот заврши 111:111.

Мемфис втор пат оваа сезона го победи Голден Стејт, а овој пат до победа го водеше Рандолф со 27 постигнати голови.

Во редовите на домаќините најдобар беше Стеф Кари со 40 поени и 6 асистенции. Кевин Дурант постигна 27 поени и 13 украдени топки додека Томпсон додаде 17 поени.

Кливленд го победија Бруклин со 116:108, а најголеми заслуги за тоа имаа Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг кои комбинирано постигнаа 68 поени.

Џејмс постигна 36 поени, 10 скокови и 6 асистенции додека Ирвинг постигна 32 поени.

Хјустон стигна до 7-та победа по ред, откако го победи Орландо со 100:93. Најдобар во победничкиот тим беше Рајан Андерсон со 19 поени.

Останати резултати:

Вашингтон – Минесота 112:105
Бостон – Филаделфија 110:106
Милвоки – Њујорк 111:116
Лејкерс – Мајами 127:100
Сакраменто – Клиперс 98:106