„Не спиев но ги одбив Кинезите“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Доби отказ од Милан, па оваа сезона го води Торино со кој има солидни резултати.

Синиша Михајловиќ сака да направи успеси во Серија А, но при крајот на минатиот месец доби една интересна понуда, од Кина секако.

„Во декември добив понуда да тренирам тим во Кина. Одбив бидејќи не сакам тоа што го работам да го оставам на половина. Вистина ќе ја кажам, многу ноќи не спиев, мислејќи на огромната плата која ќе ја земам таму“ -вели Михајловиќ.

Синиша изјави и дека нема ништо против играчите кои заминуваат за Кина:

„Морате да ги цените тие играчи, нивната кариера не е толку долга колку што е долга тренерската кариера. Во Кина можете да добиете 5 или 6 пати повеќе од заработката во Европа“