Томас Брдариќ нов тренер на Шкендија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Томас Брдариќ е нов тренер на македонскиот прволигаш од Тетово, Шкендија.

Поранешниот германски фудбалер потпиша 1-годишен договор со опција за продолжување.

„Задоволен сум од шансата која што ја добив од екипата на Шкендија. Се надевам дека со мојата работа ќе ги оправдам очекувањата на клубот и фановите. Ќе направам што е во моите можности и заедно со мојот тим ќе ги подготвиме фудбалерите да играат убав фудбал, со кој ќе се остварат зацртаните цели“, изјави Брдариќ.

Брдариќ на клупата ќе го наследи Јетон Беќири на клупата на Шкендија.