Голема загуба: Мугуруза ќе го пропушти Австралијан Опен?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Според медиумите, Габине Мугуруза е во опасност да го пропушти првиот Грен Слем во сезоната.

Шпанските тенисерки изборија опстанок во Светската група во Дејвис купот со победата против Италија, за која најзаслужна беше Мугуруза.

Симпатичната шпанска тенисерка има проблеми со бутниот мускул на десната нога.

23-годишната тенисерка мораше да го предаде натпреварот во ½-финале во Бризбејн на Ализе Корне. Претходно успеа да ги победи Стосур, Касаткина и Кузњецова.

Габине сигурно нема да учествува во Синдеј, а се надевам дека ќе биде подготвена за предизвиците во Мелбурн.