Мадрид му се поклони на Роналдо


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На португалецот свечено му беше дадена Златната топка.

Време за славење во Мадрид.

Слави Мадрид, а слави и најдобриот фудбалер на овој клуб, Кристијано Роналдо на кој пред почетокот на натпреварот и официјално му беше дадена Златната топка за 2016-та година.

По четврти пат ја освои оваа награда португалецот во професионалната кариера, а на новиот трофеј му честитаа легендите на Реал: Генто, Фиго, Роналдо, Овен и тренерот Зинедин Зидан.

И мадридската публика го скандираше неговото име, а имаше и кореографија на трибините на која пишуваше CR7.