Гранада петардирана на Бернабе – Зидан и Реал 39 натпревари не знаат за пораз (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид славеа со 5:0 на Сантијаго Бернабе против Гранада во натпревар од 17-то коло во Ла Лига.

После дванаесет минути игра Реал Мадрид стигна до водство. Бензема асистираше, а Иско кој остана сам со Очоа погоди.

Неколку минути подоцна Лука Модриќ шутираше, Очоа ја одби топката, а најблиску до неа се најде Карим Бензема кој го зголеми водството на кралскиот клуб, 2:0.

Во 27-ма минута нов погодок на Сантијаго Бернабе. Марсело асистираше, а Кристијано Роналдо ја затресе мрежата на Очоа по трет пат на денешниот натпревар.

Четири минути подоцна Лука Модриќ асистент, а Иско го постигна вториот погодок на натпреварот, четврт за Реал.

До крајот на првото полувреме Иско и Модриќ имаа шанса да постигнат погодок, но Очоа бранеше одлично.

На почетокот на второто полувреме Бензема шутираше, но слабо и тоа беше лесен плен за голманот на Гранада. Беше досуден слободен удар за Реал Мадрид, Родригез го изведе, а Касемиро остана сам и по петти пат ја затресе мрежата на Очоа.

Роналдо неколку минути пред крајот на натпреварот шутираше силно, но Очоа не дозволи да го прими шестиот погодок на овој натпревар. Гранада преку Краветс имаше шанса да го постигне првиот погодок на натпреварот. Кејлор Навас одбрани и ја сочува празна мрежата. Реал Мадрид на крајот славеше со убедливи 5:0. Во следното коло кралскиот клуб гостува на Рамон Санчез Пискуан кај Севиља, а Гранада на домашен терен ќе ја пречека Осасуна.

 

 


Isco Goal ~ Real vs Granada 1-0 by kivancyildirim791


Karim Benzema Goal HD – Real Madrid 2-0 Granada… by enteritament


Cristiano Ronaldo Goal HD Real Madrid 3 0… by emmapollard


Isco Goal HD Real Madrid 4 0 Granada 07.01.2017 HD by footgoals1


Casemiro Goal HD – Real Madrid 5-0 Granada 07… by Live1Goals