Две засилување во еден ден за Џенова и Горан Пандев


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Двајцата стигнуваат на 18 месечна позајмица.

Плановите на Џенова поврзани за офанзива на Европа можеби не се реални, а после три порази во последните четири кола и само четирите освоени бода во последните пет кола во Серија А, тренерот Иван Јуриќ ќе мора да внимава и за тоа да обезбеди останување.

Затоа раководството на Џенова беше во потрага за одредени решенија за офанзивната линија, па така завршија две работи во еден ден.

Првиот е Маурисијо Пиниља кој денес ги помина медицинските прегледи и е претставен како ново засилување на Џенова, а второто е договорено. Се работи за Адел Тарабт кој на стадионот Луиџи Ферара ќе стигне со намера да ја оживее кариерата. Двајцата стигнаа на позајмица од 18 месеци.

На исто сценарио се надева и поранешниот напаѓач на Аталанта кој во текот на последните две години често ги менуваше релациите Џенова – Бергамо. Прво во јануари 2015-та година отиде на позајмица во Аталанта како фудбалер на Џенова. Потоа следното лето беше откупен за 2 милиони евра за денес да се врати во Џенова.

После многу позајмици и пропаднати трансфери кариерата на Тарабт стигна до дното во Лисабон каде ниту малку не играше фудбал. Некогаш голем талент денес фудбалер кој многумина го исмејуваат.