Лесна победа на Севиља на Аноета – Бен Једер и Сарабија го средија Сосиедад (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Севиља на гостувањето на Аноета кај Реал Сосиедад славеа со 0:3 во натпревар од 17-то коло од Ла Лига.

Хосе Вилијан имаше шанса на почетокот на натпреварот да му донесе водство на домашните, но неговиот шут беше непрецизен. После дваесет и пет минути игра на Аноета гостите преку Висам Бен Једер стигнаа до водство.

Четири минути подоцна нов погодок во мрежата на Реал Сосиедад. Повторно стрелец Висам Бен Једер кој го зголеми водството на Севиља на 0:2.

На полувреме гостите од Андалузија заминаа со водство од 0:2.

Резервата Пабло Сарабија во 73-та минута погоди за 0:3.

Седум минути пред крајот на натпреварот Пареха асистираше, а Висам Бен Једер постигна хет-трик на денешниот натпревар. Напаѓачот ги постави конечните 0:4.

Во следното коло Севиља на Рамон Санчез Пискуан ќе го пречека Реал Мадрид, а Реал Сосиедад му гостува на Малага.