Пораз, но соколите со крената глава го напуштаат Пионир


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кошаркарите на Карпош Соколи загубија на гостувањето кај Партизан со 76:72 во натпревар од 17-то коло од АБА.

Партизан беше подобар на стартот на натпреварот и имаше водство со 4:0. Соколите после тоа се разбудија и со серија од 8:0 стигнаа до водство. Хечер ја прекина серијата на кошаркарите на Карпош Соколи, а на нешто помалку од три минути пред крајот на првата четвртина после тројката на американецот на семафорот стоеше резултатот 13:13. До крајот на првата четвртина Партизан беше подобар и со кошот на Карахоџиќ со звукот на сирената го реши во својата корист, 21:17.

Втората четвртина во првите пет минути беше неефикасна бидејќи беа постигнато само 5 коша. Партизан стигна до предност од седум поени, со тројката на Бирчевиќ ја зголеми предноста, но соколите преку Зековиќ брзо одговори со кош со дополнително слободно фрлање. После првото полувреме Партизан имаше водство од 34:31.

Третата четвртина започна со поените на Врабац со четврт фаул на Драган Лабовиќ. Партизан на крилата на Хечер и Врабац стигнаа до девет поени предност, 42:33, но соколите брзо се вратија. Хечер почна да зема се во свои раце, но домашните не стигнаа до двоцифрена предност. До крајот на третата четвртина домашните стигнаа и до плус 13, Партизан стегна во одбраната, па избраниците на Џикиќ во последната четвртина влегоа со предност од 60:47.

На стартот на третата четвртина соколите направија 8:0 серија и успеаа да го намалат водството на Партизан кој имаше големи проблеми во нападот. Серијата на гостите ја прекина Врабац со четири поени по ред. Соколите се разиграа при крајот, стигнаа до четири поени негатива кои на крајот беа и конечни, 76:72.

Величковиќ кај Партизан беше најефикасен со 17 поени. Хечер со 16 поени заврши како втор стрелец во Партизан. Трајковски беше најефикасен со 19 поени во тимот на Карпош Соколи. Вркиќ го заврши натпреварот со 18 поени.