Дракслер дебитираше со гол – Божиќното лото му се падна на Бастија (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ПСЖ ја декласира Бастија во францускиот куп со 7:0.

Парижани очекувано славеа на Паркот на Принцовите и се пласираа понатаму.

Тиаго Силва во 31-ва минута ја почна голедата, а Рабио во 42-ра минута постигна фантастичен погодок и го зголеми водството на домашните. Со 2:0 се замина на полувреме, а во продолжение домашните продолжија во фантастичен ритам.

Нкунку на стартот на второто полувреме погоди за 3:0, а десет минута подоцна и Мота се запиша во листата на стрелци. Во 64-та минута Лукас од пенал погоди за 5:0.

Во 77-ма беше 6:0, а стрелец за домашните беше Ди Марија. Конечните 7:0 ги постави дебитантот Џулијан Дракслер.