Милан спреми огромна сума на пари за засилувања – Познати и желбите


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Последните неколку години доминира Јувентус во Серија А, но навивачите на Милан се надеваат дека наскоро нивниот клуб ќе ги запре.

На крајот на 2016-та година Милан го освои суперкупот на Италија со победа во финалето против Јувентус и тоа ги фрли во транс росонерите. Тие се надеваат дека Милан конечно ќе ја прекине доминацијата на старата дама и ќе се вратат на врвот во Серија А.

Италијанските медиуми пренесоа дека на Сан Сиро се спремни на се за тоа да го остварат. Првиот потег во јануарскиот преоден рок се засилувањата кои Монтела сака да ги доведе.

На листата на желби на италијанецот се Доменико Берарди, Федерико Бернардески, Кеита Балде и Матео Мусачо. Наводно, Монтела во јануарскиот преоден рок ќе има 128 милиони евра за засилувања.

Исто така, еден од фудбалерите кои Монтела сака да ги види во Милан е и фудбалерот на Евертон, Жерар Деулофеу, но поранешниот фудбалер на Барселона би можел да стигне кај росонерите на крајот на оваа сезона.