Гвардиола ја доведува во Сити старата и најголемата желба


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Францускиот фудбалер повторно е на мета на Манчестер Сити.

Пеп Гвардиола има многу проблеми во одбраната, а решението за неговите главоболки чини 60 милиони евра.

Дејли Мирор тврди дека Манчестер Сити повторно е заинтересиран за дефанзивецот на Атлетик Билбао, Ејмерик Лапорта.

Одамна се знае дека е желба на Гвардиола која не успеа да ја доведе во летото бидејќи французинот го продолжи договорот со Билбао.

Венсан Компани дефинитивно е отпишан поради тешките повреди, а Џон Стоунс не ги оправда вложените пари.

Метата беше Ван Дијк од Саутемптон, но англискиот клуб не сака да го продаде, а и има интерес од поголемите клубови.

Најреалното засилување за зимата ќе биде Холгер Бадштубер кој би требало да биде опција до летната понуда и нападот на Лапорта.